недеља, 27. септембар 2009.

Блаже Конески


Блаже Конески (19 декември 19217 декември 1993) е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонскиот литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје


Рани години
Основното образование го започнал во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа гимназија, и како најдобар ученик во училиштето како стипендист оди во
Крагуевац, Србија да учи виша гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, во Белград се запишува на Медицинскиот факултет, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира филологија. Секако, со оглед на тешката положба во која се наоѓале Македоците во Кралството Југославија и во Царството Бугарија Коневски на Универзитето во Белград е запишан под името Благој Коњевиќ, а на Универзитето во Софија како Благој Конев.


Делото на Конески

Секој обид да се направи макар и куса ретроспектива на неговите дела и заслуги за македонскиот јазик, литература и култура е речиси без исклучок однапред осуден на делумен (не)успех.
Конески е вонсериски лингвист, меѓународно реномиран славист, еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, втемелувач на македонистиката на
Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Конески е вистински полиграф. Тој е суптилен лиричар, автор на 13 поетски книги, лауреат на значаен број македонски и меѓународни награди и признанија (Хердерова награда, Његошова награда, Златен венец на Струшките вечери на поезијата итн.).

1 коментар: